Иконата на Манчестер Јунајтед наполни 40 години

Рајан Гигс влегува во петтата деценија од животот, но не само што не најавува пензија, туку игра како во најдобрите денови и оваа недела истрча 11 километри против Баер Леверкузен кога го предводеше неговиот тим до пласман во следната фаза на Лигата на шампиони.

Кариерата на Гигс низ бројки:

0 црвени картони во неговата клупска кариера. Има добиено црвен картон во 2001-та година во дресот на Велс на натпревар против Норвешка.

1 награда за најдобар фудбалер во Премиер лигата за сезоната 2008/09

1 Орден од британската империја за заслуги во фудбалот

2 трофеи од Лигата на шампиони (1999 и 2008)

4 трофеи од ФА Купот (1994, 1995, 1999 и 2004)

4 Лига куп (1992, 2006, 2009 и 2010)

6 пати во тимот на сезоната на Премиер лигата

12 голови за репрезентацијата на Велс

13 шампионски титули во Англија

21 - единствен фудбалер кој настапил и постигнал гол во сите 21 сезона од оформувањето на Премиер лигата

35 освоени трофеи. Тој е најтрофеен играч во историјата на англискиот фудбал

37 - најстар фудбалер кој постигнал гол во Лигата на шампиони на 37 години и 289 денови против Бенфика во 2011

64 настапи за репрезентацијата на Велс

148 натпревари во Лигата на шампиони

168 голови за Манчестер Јунајтед

666 натпревари во лигата за Манчестер Јунајтед (клупски рекорд)

952 натпревари вкупно за Манчестер Јунајтед, најмногу во историјата на клубот

1.021 вкупно одиграни натпревари

Уживајте во магијата на Рајан Гигс:

29 ноември 2013 - 09:55