На едно коло пред крајот на есенскиот дел на Бизнис Лигата на Македонија имаше доста турбулентни натпревари во кои се истакнаа следниве поединци: Дејан Зиков кај Лукоил со постигнати 4 гола, Ивица Димишковски кај Гранит со постигнати 4 гола, Душко Симоновски кај Македонски Телеком со постигнати 4 гола и Арбен Нухиу кај UNIQA со постигнати 3 гола, додека најдобар 5-ти играч на ова коло беше Даниел Настевски кај Монтенегро со постигнати 3 гола.
За голман на колото е прогласен голманот на Лукоил - Марјан Цветковски, додека најдобар тренер на осмото коло на Бизнис Лигата на Македонија е Нестор Алексиевски – тренерот на екипата на Македонски Телеком.
Екипа на колото е екипата на Гранит.