Ако на 2 мај победи Флојд Мејведер, тој ќе го прекине телевизиското интервју за да се заблагодари „На Бог и на мојот тим“. Ако победи Мани Пакијао, ќе ги крене рацете нагоре во знак на благодарност. Ова се неизбежни ритуали за боксерите кои во Лас Вегас ќе боксуваат во најскапата борба во историјата на овој спорт.
Божјата волја меѓу боксерите не е нешто непознато. Таа одигра своја улога и на теренот во салата МГМ Гранд во 1996. година кога Ивандер Холифилд како тотален аутсајдер го совлада Мајк Тајсон за прв пат. И двајцата наоѓаа свои причини за исходот, а Тајсон тогаш беше во трета религија. Неколку години подоцна, Холифилд даде интервју во кое изјави дека Бог му го „стврднал срцето“ за да сфати дека е време да се пензионира и тоа две години порано од очекуваното.
Американците тоа интервју го сметаа за најлошо во историјата:
Во меѓувреме, Тајсон сигурно се разочарал што неговите молитви не биле услишени, па ја смени верата. Откако ја издржа три годишната затворска казна за силувањето на Дизаер Вашингтон, Тајсон боксуваше пет пати, пред да се реши да премине во Исламот, за кој рече дека му дал голем ентузијазам.
Мани Пакијао и Флојд Мејведер се големи верници, како што беа Холифилд и Тајсон или најпознатиот син на Исламот, Мухамед Али. За многу боксери, религијата е бегство од немирот што го носи бизнисот во боксот, а Пакијао вели дека кога го гледа неговиот долгогодишен тренер како напорно работи иако боледува од Паркинсова болест, тоа му дава дополнителен мотив да се моли и да биде уште подобар боксер.
Пакијао пред неколку години ја зачудил мајка му кога решил да ја напушти Католичката вера, одлука за која велел дека ќе го приближи уште повеќе до Бога. Според неговиот тренер, Фреди Роач кој е Католик од Бостон тие двајца немаат проблем во соработката која трае цели 14 години. Под водство на Роач, Пакијао освои светски титули во осум различни дивизии. Тие се почитуваат меѓу себе, без разлика кој во што верува.
„Мани има само едно лице задолжено за безбедност и тој е Муслиман, но Пакијао никогаш немал никакви предрасуди и во религијата го наоѓа својот мир. Тренинзите во салата често ни започнуваат со христијанска музика и молитва“, изјави неодамна тренерот Роач.
На крајот, Флојд и Мани, двајца сиромашни момци кои подоцна многу се збогатија од нивната Божја дарба добро да боксуваат, ќе се сретнат во Лас Вегас каде не стигнале сами.