Новак Ѓоковиќ ја објасни својата прослава како поддршка за студентските протести

Новак Ѓоковиќ победи на стартот на Вимблдон со 3-1 против Александер Милер и триумфално го започна Гренд слемот. Победата ја прослави со имитација на пумпање. „Пумпај“ е еден од главните ударни слогани на студентските протести кои од минатиот ноември 2024-та непрестано траат во Србија. Новак неколку пати јавно ги поддржа студентските протести а сега после победата на Вимблдон кажа зошто прославил со пумпање и дека секој нареден триумф ќе го слави така.

Epa images
Epa images
Фото: Epa Images

Новак Ѓоковиќ суптилно одговори на прашањето за прославата со пумпање. На прашање на новинар на Спортклуб рече:

„Тоа е меѓу мене и моите деца. Имаме две песни кои ги слушаме во последно време. Зборувавме дека таа кореографија би можела да биде прикладна за секоја победа на Вимблдон. Така ќе ги прославувам и во иднина на Вимблдон. Паралелата е симболична. Едната е странска песна, денс хит по името 'Pump It Up', а другата је домашна 'Фрли се од себе' кога во еден момент вика: 'Пумпај, пумпај, зашто застана'. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)

Победата на Ѓоковиќ на Вимблдон во 3 минути

2 јули 2025 - 10:19