На Вимблдон падна рекорд со сервис брз 246 км, Фриц го врати

Французинот, Џовани Мпеши Перикар, постави нов рекорд во историјата на Вимблдон, откако сервираше со брзина од 246 км на час. И тоа уште во третиот поен од мечот. Тејлор Фриц, не само што го врати ударот, туку му го зема и поенот. Инаку претходниот рекорд изнесуваше 238 км, а го држеше Тејлор Дент од 2010 година.

Инаку мечот од првото коло на најелитниот Гренд слем турнир, 
беше прекинат при резултат 2-2 во сетови, поради таканаречениот „полициски час“. Тоа е правило на Вимблдон, да нема доцни натпревари. 

1 јули 2025 - 09:26