Французинот, Џовани Мпеши Перикар, постави нов рекорд во историјата на Вимблдон, откако сервираше со брзина од 246 км на час. И тоа уште во третиот поен од мечот. Тејлор Фриц, не само што го врати ударот, туку му го зема и поенот. Инаку претходниот рекорд изнесуваше 238 км, а го држеше Тејлор Дент од 2010 година.