Таг: вимблдон 2025

Ѓоковиќ: Ова ми е прва победа откако ме гледа Федерер од трибини

101-ва победа на Ѓоковиќ на Вимблдон и нов пласман во четвртфинале, откако со пресврт го доби Алекс Де Минор со 3-1 (6:1, 4:6, 4:6, 4:6). Во публика беше Роџер Федерер, со кој Новак не пропушти шанса да се пошегува, но и да го испочитува.

Ноле шоу на Вимблдон, се фрли и зема луд поен

Ѓоковиќ е во елемент. Го мина и 3. коло и стигна до јубилејна победа број 100 на Вимблдон. Славеше повторно без загубен сет, овој против својот сонародник Миомир Кецмановиќ со 6-3, 6-0 и 6-4. Во осминафиналето ќе игра против Де Минор. Одиме со поенот на мечот. Гледајте и аплаудирајте. Нема друго.

Наследникот на Ѓоковиќ?

За кај се спремаш? За Вимблдон. Мора некој да го наследи Ноле.

Ѓоковиќ: За постигнатото ќе разговарам на плажа со маргарита со Надал и Федерер кога ќе се пензионирам

Новак го елиминираше Даниел Еванс со 3:0 во 2. коло и со тоа стигна до триумф број 99 на Вимблдон. Вели дека не размислува целосно за сè што сторил во тенисот, ама објасни кога и со кого ќе го прави тоа и ја изнасмеа публиката.

Историјата на Вимблдон претставена во 4 извонредни минути

Кај мажите рекордер е Роџер Федерер со 8 титули, а потоа следуваат Пит Сампрас, Новак Ѓоковиќ и Вилијам Реншо со по 7. Кај жените број 1 е Мартина Навратилова со 9, втора е Хелен Вилис со 8. По 7 имаат Доротеја Ламберт Чемберс, Штефи Граф и Серена Вилијамс. Од постер направиле видео. Преубаво.

Не се гледаат секој ден на Вимблдон вакви мангупарии

Корентин Муте од Франција, 69-ти на АТП, го елиминираше Аргентинецот Франциско Комеса во првото коло од Вимблдон. Погледнете каква финта му продаде во третиот сет. Кој би рекол а?

Победата на Ѓоковиќ на Вимблдон во 3 минути

Српскиот тениски ас кој доаѓа како седумкратен првак на Вимблдон, го победи Французинот Александер Муле со 3-1 во сетови 6:1, 6:7 (7), 6:2, 6:2, во меч кој траеше 3 часа и 19 минути. Новак нема пораз во прво коло на најелитниот турнир, уште од неговото деби во 2005-та.

На Вимблдон падна рекорд со сервис брз 246 км, Фриц го врати

Французинот, Џовани Мпеши Перикар, постави нов рекорд во историјата на Вимблдон, откако сервираше со брзина од 246 км на час. И тоа уште во третиот поен од мечот. Тејлор Фриц, не само што го врати ударот, туку му го зема и поенот. Инаку претходниот рекорд изнесуваше 238 км, а го држеше Тејлор Дент од 2010 година.