Една година без царот во етер

Добро е понекогаш човек да се потсети што гледал и за што пишувал лани, преклани... Немаме за жал можност да го слушаме и величаме и во иднина, ама затоа може да се потсетиме и да го одбележиме. Една година преноси без Златко Калински.

На 10 мај 2017-та, значи пред година и еден ден, поетот од коментаторското столче се одлепи доживотно од микрофонот од кој со голема страст коментираше и не забавуваше 42 години. Тоа беше реванш полуфиналето меѓу Атлетико и Реал кое заврши 2:1.
 
Немаше фудбалски навивач, па и неук за фудбал кој не го дирна она крајното „збогум“ на крајот на преносот.

По четири Мундијали, девет Олимписки игри и преку 2.100 преноси од повеќе спортови како одбојка, ракомет, кошарка, фудбал, атлетика, алпско скијање, скијачко трчање...македонската публика го бараше на бис.

Пред да се закотви во мирните пензионерски денови, најдобриот морнар мора да се соочи со најголемиот предизвик, со бурата од емоции која можат да ја направат само двата страстни клуба од медитеранот, великаните Јувентус и Реал Мадрид, стоеше во петицијата со која се бараше уште еден финален пренос со него.
 
Но наместо финалето во Кардиф, Калински го доби на бис она за што беше специјалист, финалето на 100 метри на СП во Лондон, кое за жал не мина во знакот на Усеин Болт.

Во пензија замина со солзи

На јубилејниот пренос имаше чест пред очи да му трча Болт, а ние години наназад ги оптеретувавме звучките на телевизорот за што посилно да се чуе тој негов магичен и радиофоничен глас.
 
Динго од Кратово знаеше да твитне:
 
11 мај 2018 - 16:01