8 играчи од Топ10 веќе испаднаа од Вимблдон

За првите два дена од Вимблдон испаднаа толку познати топ играчи од ранг листата кои во некое друго време би биле најмалку во трето коло на големиот Гренд Слем.

Epa images
Epa images
Фото: Epa Images

Вкупно испаднаа 4 тенисери кај мажите и 4 тенисерки кај жените кои се во Топ10 на светската ранг листа.

Кај мажите најпознато име кое испадна е третиот рекет на светот Александар Зверев. А пред и по него испаднаа уште и: Лоренцо Музети (7-ми на светска ранг листа), Холгер Руне (8-ми), Франсиско Серундоло (16-ти), Иго Ембер (18-ти), Александар Попирин (20-ти), Стефанос Циципас (24-ти), Денис Шаповалов (27), Александар Бублик (28), Алекс Микелсен (30), Телон Грикспор (31), Матео Беретини (32).

Кај жените уште на самиот старт испаднаа: Коко Гауф (2-ра на светска ранг листа), Џесика Пегула (3-та на ранг листа), Џин Жен (5), Паула Бадоса (9), Каролина Мухова (15), Алена Остапенко (20), Магдалена Фрех (25), Марта Костјук (26), Магда Линет (27), Макартни Кеслер (32).

Откако Гренд слемовите поминаа на систем со 32 носители, во првата рунда на еден Гренд Слем никогаш не испаднале толку толку елитни играчи.

Од друга страна пак, првпат во историјата во прв круг испаднаа две тенисерки од Топ3 од главниот ждреп.

Ова е антирекорд на Гренд слемовите. Некои коментатори велат дека невообичаено жешкото време на Вимблдон и во Лондон (околу 35 степени Целзиусови во просек под сенка) е главната причина за слабите игри на многу врвни тенисери. Од 11 утро до 8 навечер било претопло и се додека очекуваниот дожд не ја разлади ситуацијата, може да има и други сензации, велат коментаторите.

Победата на Ѓоковиќ на Вимблдон во 3 минути

Не се гледаат секој ден на Вимблдон вакви мангупарии

2 јули 2025 - 07:58