Тоа што го испуштивме резултатски против Франција и Полска во двете големи битки, го добивме во финишот од третото коло против Србија. Дејан Манасков ги торпедираше Србите со 10 гола, а ова е најважниот по кој остануваме да се бориме на Европско во следната фаза по групи.
Македонските ракометари во последната секунда од мечот против Србија се изборија за реми кое ги води во следната фаза. Манасков херој на мечот со 10 погодоци од кои и последниот за 27:27.
13.000 полски навивачи во текот на мечот против нашата селекција во рацете држеа листови со натпис на кој пишува „Бидете спокојни, и онака ќе победиме на крај со еден разлика“.
Македонската ракометна репрезентација повторно одигра одличен и борбен натпревар на Европско првенство, а овој пат за разлика од мечот против Франција испушти последен напад за нерешено против домаќините.
Инспиративен почеток на ЕП во Полска за нашите ракометари кои и покрај поразот од 7 голови против Франција, покажаа дека се во добра форма и дека ќе се борат со Полска и Србија за пласман во следната рунда. Лазаров најефикасен, Борко солиден на голот.
На еден час до стартот на 12-то Европско првенство, малку билдање на ракометната атмосфера која не фаќа сите, без разлика дали ќе ги бодриме од Краков или од дома. Напред момци со ладни глави.
Илија Темелковски како селектор на СП 2009 беше во уште потешка ситуација од Обрван кога преку фаворитите Русија, Германија и Полска се избори за место во следната фаза. Сè освен пласман на квалификации за ОИ го смета за неуспех на оваа генерација која прв ја водеше на големите натпреварувања.
Македонските ракометари четири пати од осамостојувањето играа на Европските првенства. Вечерва од 18:00 го почнуваме третото по ред, во Полска, каде отвораме против најмоќната ракометна сила на планетава.
Оваа година донесе големи ракометни возбудувања за навивачите на Вардар кои повторно покажаа заби во Европа, но имаше огромни разочарувања за оние на Металург од каде си заминаа најдобрите. 2015 година ќе се памети по европската круна на Кире и неговиот јубилеј од 1.000 голови.
Така го претстави ЕХФ нашиот капитен во пресрет на ЕП Полска 2016, во серијата на видеа од клучни играчи за секоја репрезентација кои ги објавува на Јутјуб.
За точно еден месец Полска ќе ги нагости најдобрите 16 ракометни селекции од Стариот континент на 12. Еврошампионат. Ние сме во тешка група со домаќинот, светскиот и европски првак Франција и соседот Србија. Нема предавање.
Светското ракометно првенство за жени донесе неколку необични ситуации кои ја привлекоа јавноста со поголемо внимание да го следи континенталниот шампионат.
Без Лино Червар, а со Јовиќ на клупата, ракометарите на Металург загубија од тимот на Елверум во Норвешка со 29:23 и на тој начин му овозможија на домашниот тим да ја оствари првата победа пред домашните навивачи.
Ракометарите на Вардар на најдобар можен начин ја прекинаа серијата од три порази. Вечерва во Скопје со 34-24 го совладаа данскиот шампион Колдинг и заслужено ќе одат на паузата.
Прекин на серијата од три порази, борба за подобар пласман во групата и задржување на формата пред паузата. Голем влог за дуелот против Колдинг на кој Раул Гонзалес ќе мора да игра без неколку стандардни првотимци кои се повредени.
Ракометарите на Вардар го претрпеа четвртиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите откако во Полска одиграа натпревар далеку под своето ниво. Поразот од три гола разлика е достоен со оглед на лошата игра на тимот на Гонзалес.
Со две победи и шест порази, Металург нема повеќе шанси за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, но тимот од Автокоманда сака да го одигра последниот меч пред своја публика, онака како што ја почна сезоната.
Ракометарките на ЖРК Вардар викендов ја наполнија мрежата на Хипо со 37 погодоци, а најатрактивниот од нив ЕХФ го смести во листата на топ 5 голови на колото.