
На денешната ждрепка во Келн, ракометарите на Вардар го добија противникот за долго посакуваниот Ф4 кој се игра следниот месец и за противник им се падна Барселона, Европскиот првак од 2015-та.
Тоа ќе биде последната пречка за Вардарци кои против Кире Лазаров и Борко Ристевски ќе бркаат историско финале во Лигата на шампионите.
Завршниот турнир во најелитното клупско ракометно натпреварување ќе се одржи на 3 и 4 јуни во Келн, а термините на одигрувањето на средбите допрва ќе бидат одредени.
Полуфинални двојки:
Веспрем – ПСЖ
Вардар – Барселона