Ракомет

Вардарки со 14 гола разлика го победија рускиот првак

Тренерското деби на Камара, довчерашниот помошник на клупата на Вардарки мина и повеќе од успешно откако македонскиот првак вечерва одигра атомски ракомет против првакот на Русија, Астрахоночка.

Бедно издание на Македонија во Плзен

Македонската ракометна репрезентација претрпе висок пораз во второто квалификациско коло за Европското првенство во Хрватска 2018-та. Едно реми и четири порази на Македонија на досегашните гостувања против Чешка.

Најава за Чешка - Македонија со маестралниот Кире

На возраст од 36 години Кире Лазаров не покажува знаци на замор и тој е лидер на Македонија и во квалификациите за ЕП 2018. Во дресот на својата репрезентација има постигнато 989 голови и му недостасуваат само 11 за да стигне до јубилејни 1.000, напиша ЕХФ на својот официјален Фејсбук профил.

Македонија тргна победнички на патот кон Европско

Најдобрите македонски ракометари успешно ги започнаа квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, иако вечерва потешко од очекувањата славеа над аутсајдерот Украина 27:21 (13:10).

Вардарки победнички се враќаат од Русија

На првото овосезонско гостување во Лигата на шампионите, ракометарките на Вардар со 31-26 (13-14) го победија рускиот шампион Астраханочка и веќе се на прагот од пласман во следната фаза од елитната ЛШ.

Висок пораз на децата на Червар во Монпеље

Ракометарите на Металург го доживеаа третиот пораз во петтото коло од елитната Лига на шампиони. Вечерва во Франција Монпеље беше подобар за десет гола 28:18 (13:12)

Драматичен прв пораз за Вардар во Лигата на шампионите

Откако го совладаа Загреб во дуел од СЕХА лигата, Вардарци вечерва загубија на гости од хрватскиот шампион 28:27 (12-17), во петтото коло од европската Лига на шампиони.

Лајпциг 41 пат ја вадеше топката од гол во Јане Сандански

Ракометарките на ЖРК Вардар го демолираа Лајпциг за прва победа во второто коло од ракометната Лига на шампиони. Конечниот резултат на мечот личи како македонскиот првак да играл меч од домашното првенство.

Вардар со перфектен учинок, падна и ПИК Сегед

Ракометарите на Вардар ја забележаа и четвртата победа во исто толку кола во Лигата на шампионите, откако вечерва потешко од очекувањата ја совлада 30:27.

Блесок на Металург, Дарко Арсиќ е новиот Дарко Станиќ

Ракометарите на Металург одиграа феноменален меч со тотално драматична завршница во која херој беше Дарко Арсиќ со 16 одбрани. Во последните секунди фати чиста топка во игра еден на еден, клучна за голема победа против Ла Риоха во ЛШ.

Три од три за Вардар, падна и Целје

Во третиот меч од групата Б во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар успешно го пребродија гостувањето во Словенија 26-32 и дома се враќаат со нови бодови.

Мануел Ноер во ракомет

Клеопарт Дарлу од ракометниот клуб Брест, која брани и за селекцијата на Франција, прво се претвори во Ноер, а потоа во Рожерио Сени. Тоа изгледа вака:

Силен отпор на Металург кој не издржа до крај

Втор пораз за ракометарите на Металург на гостински терен во Лигата на шампионите. Избраниците на Лино Червар анулираа негатива од 7 гола и имаа водство на гостувањето во Русија, но залакот изгледа беше голем.

Алекс Душебаев сам го победи Мешков Брест

Црвено-црните ја запишаа и втората победа во групната фаза од ЛШ. Имаа проблеми во првиот дел против Мешков, но во второто полувреме заиграа победнички, славеа 31:27 и во добра атмосфера ќе патуваат во Целје.

Металург се враќа поразен од Прешов во Автокоманда

Ракометарите на македонскиот вицешампион Металург го доживеаа првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава, откако попладнево загубија на гости од Татран Прешов 27:22.

Вардар убедлив на отворањето на европската сезона

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар надмоќно победија на гостувањето во Шведска против Кристијанштад 23:28 (12:15) и ги заокружија првите бодови во новата сезона во Лигата на шампионите.

Металург тргна шампионски, блесок на Талески со 13 гола

Со големи мотиви и желба за надигрување, ракометарите на Металург победнички ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите. Филип Талески и голманот Дарко Арсиќ беа клучни играчи на мечот.

Тимот на САД на ОИ 2012 не беше фер

Во минатото, составот на САД за Олимписките Игри бил претежно од аматерски играчи, но со промената на правилото од ФИБА во 1989. година тие можеа да викаат и НБА играчи. Првиот таков тим е „Дрим Тимот“ кој го освои златото во 1992. година. Она што го правеа пред 4 години во Лондон едноставно беше Ол Стар натпревар.

Како Белорусот ги мотивираше играчите против Вардар

На отворањето на новата сезона во СЕХА лигата, ракометарите на Вардар ремизираа 34:34 против Мешков Брест иако имаа четири голови предност на три минути пред крајот. Во еден момент во финишот, тренерот на Белорусите Сергеј Бебешко дословно им вели на своите: „Пидорасов пиздите, их нахуй, делайте, что хотите“ или во превод: „Газете ги овие педери, правете што сакате“. На коментаторот му остана само да каже: „Без коментар“.

И после зошто е најјак

Таа форма и тие проектили кои ги испушта на 36 години не се од јадење ајвар. Човеков лани стана прв ракометар во историјата со 1.000 голови во Лига на шампиони.

Рио без Кире, Штербик и Дибиров

На Летните Олимписки игри ќе фалат многу ѕвезди без кои не сме навикнати на гледаме едно Европско првенство.

Нова врвна реклама, овој пат од Словенците

Ракометната репрезентација на Словенија го сними најдинамичниот спот за Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Под наслов „Pripravljeni na vse“ (Спремни за секој), избраниците на Веселин Вујовиќ демонстрираа на што се подготвени во Бразил.

Вардар повторно со Кјелце и Рајн Некар, Металург со незгодни противници

По извлекувањето на ждрепката за женската, во Данска беа извлечени и групите за новата сезона и во машката Лига на шампиони која стартува на 21 септември.

Вардарки ќе патуваат на далечен пат во Русија

Првиот ден од седмиот месец во годината беше среќен за ракометарките на ЖРК Вардар, кои во Данска ги дознаа противниците во првата групна фаза од Лигата на шампионите.