
На 22-ри март во Атина, АЕК пред преполна сала го пречека Партизан и во атмосфера на линч (со оглед на непосредната близина на паркетот до трибините во малата сала, некои играчи на белградскиот клуб дури и биле физички напаѓани, полевани со пиво и плукани) грчкиот тим славеше 27:22.
На возвратниот дуел во Белград после неколку дена, навивачите на Партизан, прилично очекувано спремаа исто пеколна атмосфера за АЕК. Но откако испукаа неколку силни петарди во салата пред почеток на мечот, стручниот штаб и играчите на АЕК се повлекоа во соблекувални и решија дека таму нема услови за игра. Како во Атина неколку дена претходно да имаше.
ЕХФ одлучи реваншот да се преигра и тоа на неутрален терен, во бугарскиот град Самоков. Без публика. А таму Партизан се надмина себеси и славеше со 5 гола разлика, ја стигна негативата на АЕК и го однесе мечот на пенали. А таму Грците беа поуспешни и на пенали отидоа во полуфинале.