Македонскиот фан клуб на Ливерпул „Macedonian Reds“ за големите натпревари секогаш се во голема бројка и по собирот во Велес за мечот против Манчестер Сити, овој пат се собраа во Скопје околу 150 души.
Ливерпул одигра маестрална партија во полуфиналето од ЛШ и 5 пати ја наполни мрежата на Рома, а тоа беше уживање за секој навивач на Ливерпул кој скокаше од радост на секој гол.
Ако можат до волку да наполнат скопски локал за полуфинале, кој знае што ќе биде ако Ливерпул стигне до финалето во Киев. Се игра на 26 мај, а Ливерпул во Рим ќе патува со предност од 5:2.
Инаку во Штип се собрале во уште поголема бројка од околу 200 фанови на Ливерпул.
Ви ја пренесуваме атмосферата после секој гол на Ливерпул.
1:0