Таг: фан клуб на ливерпул

Газдата на Ливерпул им се извини на Клоп, на навивачите и на екипата

Сопственикот на Фенвеј спорт групата, милионерот од САД, Џон Хенри кој е газда и на Ливерпул, во видео порака им се извини на навивачите и на Клоп за глупоста која што ја направила управата.

Регионалната дружба на бандата на Ливерпул во Скопје во 2 минути

Тип топ скоцкано видео од деветтиот регионален собир на навивачи на Ливерпул кој по втор пат се одржа во Скопје. 400 души на едно место со иста цел. Ливерпул. Плус јадење, пиење, веселење, навивање, а ја има и реакцијата на голот за 2:1 против Тотенхем. Јак клип. И со дрон снимале.

Ливерпул е голема фамилија која не се дели по националност, етникум или религија

Седум години по ред, луѓе од шест држави организираат епски дружби за кои потоа се зборува со денови, а најубаво е да се доживеат на лице место. Овој пат беа собрани 400 фудбалски фанатици во Скопје, а ги спојува и поврзува нивниот омилен Ливерпул. Организаторот не може на себе да дојде од што е импресиониран.

„You'll Never Walk Alone“ наскоро ќе грми во Скопје

Пет години откако беа домаќини, македонските навивачи на Ливерпул ете ги повторно со огромен собир на свој терен. Овој пат горди како европски прваци. Што ќе се гледа? Реприза од финалето со мноооооооогу пиво и ракија. Вреди да се тркне.

Штипјани се собраа за Ливерпул, Марко и Ања

Паралелно со големиот скопски собир, полуфиналето од ЛШ на големо се гледаше и во Штип каде се собраа преку 200 навивачи на Ливерпул. Урлаа на головите на Салах, Мане и Фирмино, а настанот го искористија и за хуманитарни цели.

Македонските навивачи на Ливерпул грмеа на секој гол против Рома

Блескавото издание на Ливерпул во Лигата на шампионите кој со една нога е во Киев беше проследено од огромен број на Македонци кои во црвена боја го обоија скопското кафуле Мондано.