Ударната алка во македонскиот фан клуб на Ливерпул, Игор Јадровски, ни пиша дека на Скопје повторно му дошол редот. За што? За нов масовен собир на навивачи на Ливерпул.
Откако се сретнаа во Сараево, Зрењанин, Скопје, Котор, Љубљана, Загреб, повторно Сараево и Белград, традицијата на регионални собири ја продолжуваат кај нас.
Големиот настан на кој ќе доминира црвената боја и навивачките песни за Ливерпул е закажан за 27 октомври.
Ќе се зберат за мечот против Тотенхем против кој на 1 јуни ја славеа европската титула број 6. Што значи ново дерби и нов дуел на Клоп и Почетино, како и ново уживање за нив. Впрочем убаво го стокмиле денот, бидејќи против Брајтон на пример немаше да биде тоа тоа.
Пресреќни се за настанот кој го најавуваат вака:
Документарецот за страста на оваа верна банда, снимен на повеќе места во 2017-та.
Да потсетиме и на интервјуто со нашите