
ФИФА организираше ново издание на Светско клупско првенство со 32 тима поделени во 8 групи по 4 екипи кое се игра цел еден месец, по големи горештини во САД, а по страшно напорна сезона во Европа.
ФИФА и спонзорите очекуваа огромна заработка и голем интерес за Светското клупско првенство во САД, но некако плановите не им се остварија како што замислувале.
ЕСПН пишува дека на Светското клупско првенство досега имало 1 милион празни седишта на 48 натпревари во САД, на година дена пред Мундијалот да се игра во САД, Канада и Мексико.
Девет екипи кои поминаа во осминафинале се од Европа. Четири се од Бразил и по една од МЛС лигата, од Мексико и од Саудиска Арабија.
Досега во групна фаза имало околу 56,7% исполнет капацитет на 48 натпревари од групна фаза меѓу кои и 3.412 и 6.370 гледачи во Орландо на Флорида и 5.282 и 8.239 во Синсинати.
ФИФА уште не ги доставила сите посети на натпреварите и покрај постојаното и упорно барање на Асошиејтед Прес.
ФИФА објавила дека вкупната посета во групната фаза на 48 меча била 1.67 милиони гледачи од вкупен капацитет 2,95 милиони места на стадионите. Просечната посета досега била 34.746 гледачи по натпревар.
Само 44,9% бил исполнет капацитетот на пет натпревари на модерниот и прекрасен „МетЛајф стадион“ во Ист Рутерфорд во Њу Џерси каде што ќе се игра големото финале на Светското првенство 2026. 50% од капацитетот бил исполнет во Роуз Боул во Пасадена, во Калифорнија каде се играше легендарното финале меѓу Бразил и Италија на Мундијалот 1994 кога Баџо го промаши култниот пенал.
Меѓу градовите каде ќе се игра Светско во САД следната 2026 година, 81,8% од вкупниот капацитет имало публика во Мајами Гарденс, на Флорида, 61,6% во Филаделфија, 52% во Сиетл и 44,3% во Атланта.
ФИФА објавила и соопштение во кое стои:
„Апетитот за турнирот зборува сам за себе: навивачи од 168 земји веќе набавија карти... што е јасен знак за глобален интерес за настанот.“
12 натпревари беа пренесувани со англиски коментатори на каналите ТНТ, ТБС и труТВ а преносите на овие 12 меча ги следеле во просек 360.000 гледачи а 7 меча ноќите и викендите гледале 409.000 гледачи.