Започна пријавувањето за меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“
1 август 2026
- Од денес и официјално започна пријавувањето за XXII Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ – Сокол ВЛТ 2026, еден од најпрепознатливите и најпосетени спортски настани во Македонија. Пријавувањето ќе трае до 28 август 2026 година, а бројот на екипи е ограничен на 40.
- Турнирот традиционално ќе започне на 1 септември 2026 година на игралиштето „Сокол“ во ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, Карпош 1, додека ждрепката ќе се одржи на 30 август 2026 година.
- И оваа година учесниците ќе се борат за награден фонд од над 1.300.000 денари, што уште еднаш го потврдува статусот на турнирот како еден од најзначајните турнири во мал фудбал во државата.