- Ивановски, македонскиот атлетски бисер, на петте годинашни трки постави пет национални рекорди. Поп Арсова веќе собори два рекорда, на 10 км и во маратон, Стојоски исто така постави два нови рекорда, на 200 и на 400 метри, Трајковски во скок во далечина скокна до нов македонски рекорд. Ислами постави нов национален рекорд на 400 метри со пречки…
- Серијата одлични резултати говорат за квалитетот, но и за потенцијалот на младите македонски атлетичари кои тренираат во лоши, импровизирани услови, а поддршката од државните институции е недоволна, па и од спонзорите.
- Постигнувањата и рекордите се една од посветлите, поубави страни на спортскиот „медал“. Кралицата на спортовите, како што се нарекува атлетиката, во Македонија е сѐ само не кралица. Постојат само две пристојни патеки со тартан-подлога.
- Маврово вчера повторно беше во знакот на велосипедизмот, активниот животен стил и дружењето.
- Халкбанк по седми пат ја организираше хронометарската велосипедска трка Халк Вело Грин, која и оваа година ги обедини рекреативците, професионалните велосипедисти, децата, младите и љубителите на природата во ден исполнет со спорт и позитивна енергија.
- Трката, која одамна прерасна во повеќе од спортски настан, е дел од платформата ХалкЕко, преку која Халкбанк ги промовира здравите животни навики, активниот начин на живот и грижата за животната средина.
- Лос Анџелес Лејкерс одлучил на посебен начин да му одаде признание на еден од најуспешните тренери во историјата на франшизата. Фил Џексон ќе добие своја голема статуа пред салата на Лејкерс во Лос Анџелес. Свеченото откривање е закажано за 9-ти април 2027-ма година во пресрет на натпреварот на Лејкерс со Минесота.
- Фил Џексон така ќе стане девета легенда на Лејкерс која ќе добие статуа на Стар Плаза откако претходно таа чест ја имаа великаните: Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар, Џери Вест, Елгин Бејлор, Коби Брајант, Шекил О'Нил, Пет Рајли и легендарниот коментатор Чик Херн.
- Фил Џексон е рекордер по бројот на остварени победи во основниот дел од сезоната - 610 победи а има 292 порази. За 11 години на клупата на Лејкерс во два мандати од 1999 до 2011 освои дури пет НБА шампионски титули а играше седум финалиња. Неговите екипи никогаш не пропуштиле доигрување додека тој им бил тренер.
- Тој е автор на легендарниот тандем Коби-Шек кои освои дури три титули по ред: 2000, 2001 и 2002. После неколку години се врати на клупата на Лејкерс и со Коби Брајант и Пау Гасол освои уште два шампионски пехари, во 2009 и во 2010.
- Гувернерката на Лос Анџелес Џини Бас истакнала дека Џексон со својот пристап го вратил шампионското наследство на клубот.