- Александар Васовски повеќе не е тренер на Вардар, откако денеска самиот преку социјалните мрежи потврди дека се повлекува.
- „Кога дојдов ветив дека до декември ќе му помогнам на клубот, надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри, но очигледно се нема слух и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Не можејќи повеќе да го носам товарот на таквото функционирање се повлекувам од тренерското место во Вардар“, соопшти Васоски.
- Тој на клупата на вардарци седна на крајот од август, по заминувањето на Бобан Грнчаров.
- Бреша и официјално згасна. Судот во италијанскиот град пресуди дека клубот, основан во 1911 година ќе биде ликвидиран.
- Долгорочните финансиски проблеми се причината за оваа тажна вест која доаѓа од италијанскиот фудбал. Долговите изнесувале околу 20 милиони евра.
- На клубот му биле одземени 8 бода, што довело до испаѓање во Серија Ц, за потоа да не успеат ниту да регистрираат играчи. Бреша остана без лиценца за натпреварување во професионалните лиги на италијанскиот фудбал.
- Бреша е асоцијација за Роберто Баџо, а дресот на овој тим го имаа носено и Пеп Гвардиола, Андреа Пирло, Марио Балотели, Марек Хамшик, Сандро Тонали...
- Еден од најдолготрајните тренери во Премиер лигата, Еди Хау кој од ноември 2021-ва го водеше Њукасл, заминува од „Сент Џејмсис Парк“. Хау е најзаслужен што црно-белите прво опстанаа во Премиер лигата а потоа ги водеше до два пласмани во Лига на шампиони и до првиот освоен трофеј на Њукасл после цели 56 години - Лига Купот во 2025.
- Заминува како резултат на презаситеност на двете страни и не баш сјајна мината сезона. Њукасл минатата сезона не беше константен во Премиер лигата, беше во долниот дел на табелата, го елиминираа од двата Купа а во Лига на шампиони испадна со вкупен резултат 8-2 од Барселона.
- Хау заминува и поради незадоволството од преодниот рок летово. Од екипата заминаа најдобрите и клучни играчи Антони Гордон (Барселона) и Сандро Тонали (Тотенхем).
- На место на Еди Хау доаѓа младиот 38-годишен германски тренер Матијас Јаисле кој беше тренер на австриски Ред Бул Салцбург, Лиферинг и Ал-Ахли.