- Во вистински спектакл, пред речиси 30.000 гледачи, на 28 април 2002 година, вардаровата златна генерација предводена од Дарко Панчев победи со 3-2 против селекцијата составена од ѕвездите од тогашната Прва југословенска лига кои играа во сезоната 1986/87.
- Тогаш се одбележа 15 годишнина од освојувањето на шампионската титула на Вардар од 1987 година, а со хуманитарен карактер за помош, за семејствата на загинатите бранители на Македонија од редовите на АРМ и МВР во воениот конфликт од 2001 година.
- За Вардар играа Дарко Панчев, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Васил Рингов, Бобан Бабунски, Јовче Џипунов, Слободан Мутибариќ...предводени од Андон Дончевски, заедно со Мето Спасовски и Кочо Димитровски.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.