- Доцна синоќа во близина на Вашингтон се урнал патнички авион на Американ Ерлајнс со 64 патници во него, по директен судир со воен хеликоптер. Досега се пронајдени најмалку 18 безживотни тела. А најдени се и две црни кутии. Потрагата по телата сè уште трае, а условите во подмрзнатата река Потомак близу Вашингтон ја отежнуваат истата, пренесуваат медиумите од САД.
- Во патничкиот авион имало и неколку уметнички лизгачи и лизгачки кои се враќале од првенството на САД во Канзас.
- Во авионот биле и некогашните светски шампион во пар од 1994-та година, Русите Евгенија Шишкова и Вадим Наумов кои веќе неколку години живеат и работат во САД. Нивниот син Максим Наумов кој е државен шампион во скејт не бил во авионот. Во авионот била и поранешната уметничка лизагчка Ина Волјанскаја, бронзен медал во парови која била тренер во САД.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.