Седлоски: Сигурно дека проблемот е и во главата
27 март 2026
- „Ни се распадна системот и Данците покажаа моќ. Стравував од играта по страните и тој страв беше оправдан. Имавме проблем со придодавање на бековите на данската селекција и не успеавме да се одбраниме. Треба да разговараме со фудбалерите за тој пад и трите гола во десет минути.
- Ставив во игра фудбалери кои се стандардни во клубовите и верував во нив. Сега не сакам да анализарам, жешки се главите, но сигурно дека во иднина ќе има промени во тимот.
- Сигурно дека проблемот е и во главата, не треба да паѓа концентрација. Примате голови и за десет минути добиваш уште три гола во мрежата“, изјави македонскиот селектор по неуспешното деби.