- Откако владата на Велика Британија го санкционираше рускиот милијардер и му го замрзна имотот, Абрамович мораше да замине од Челси и да го даде клубот на продажба.
- Сега турскиот медиум Fanatik пренесува дека во тек се сериозни преговори меѓу претставниците на Абрамович и сопственикот на турскиот клуб Ѓезтепе, Мехмет Шепил. Според овој медиум, следната рунда преговори би требало да се одржи во следните денови и тогаш би можел да биде изнајден конечен договор за преземање на клубот од Абрамович.
- За Ѓезтепе од 1 февруари 2021-ва игра македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ кој сезонава на 26 меча има 4 гола и 1 асистенција. Јаховиќ поради повреда не отпатува за Италија на баражот за Светско првенство. Ѓезтепе во моментов е на 18. место од 20 клуба во турската Суперлига со 8 бода зад местото кое значи опстанок и по се изгледа од следната сезона ќе игра во втората турска лига.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.