Реал Мадрид потпиша уште една ѕверка
17 јуни 2026
- По Жозе Мурињо кој се врати на клупата на Реал Мадрид, „кралскиот клуб“ го купи левиот бек на Челси Марк Кукуреља за 50+5 милиони евра, а сега објавија дека со клубот договор потпишал и Бернардо Силва.
- Португалецот беше главен играч на шампионската екипа на Манчестер Сити и под водство на Пеп Гвардиола освои бројни пехари во Премиер лига, Лига на шампиони, ФА Куп, Лига Куп, Суперкуп на Англија итн.
- На Силва летово во јуни му заврши договорот со Манчестер Сити и тој како слободен играч потпиша со Реал Мадрид. Во меѓувреме во клубот дојдоа како слободен играч Ибраима Конате стоперот од Ливерпул, Дензел Думфрис од Интер а нов договор потпиша Антонио Рудигер кој ќе остане уште една сезона.