- Јовиќ е роден во Бјелина (БиХ), а најголемиот дел од играчката и тренерската кариера ги помина во Македонија, со која настапи на СП 2009 и ЕП 2012.
- Како ракометар играше за пет македонски шампиони: Јафа Промет, Борец, Вардар, Пелистер и Металург каде и ја заврши играчката кариера.
- Беше член и на Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија и Слобода Тузла од БиХ.
- Тренерската кариера ја почна во Автокоманда, каде ги водеше Металург и Металург 2, а потоа работеше во Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, каде имаше голем успех и ја врати титулата по 18 години, пред да го преземе Пролет.
- „Не се ограничувам со ништо“, изјави легендарниот Дидие Дешам минатиот јуни пред да ја заврши последната авантура на Светско првенство со Франција.
- Дешам ги водеше триколорите цели 14 години а на свои 58 години после јуни се реши да одмори од се и да ги наполни батериите. Негов наследник на клупата на Франција стана Зинедеин Зидан.
- Сега Дешам го поврзуваат со многу големи европски клубови како неговиот Јувентус во кого остави голем белег, така и Манчестер Јунајтед, пишува француски footmercato.net кој вели дека клубот од „Олд Трафорд“ бара замена за Мајкл Карик кого сензационалниот пресврт против Рома 3:2 од 0:2 му го продолжи макар на кратко престојот на клупата на Манчестер.
- Управата на Манчестер Јунајтед ги сонувала Јулијан Нагелсман и Унаи Емери но првиот веќе е пред договор да се врати во Ред Бул Лајпциг а вториот е врзан силно со договор за Астон Вила која што не сака да ја напушти.
- Украинскиот бек, Дмитро Горига кој лани доби македонски пасош, дебитираше со три гола на квалификацискиот дуел Македонија - Луксембург.
- „Пресреќен сум, искрено сум воодушевен од начинот на кој сум дочекан. Толку навивачи по мечот, ја чувствувам љубовта и затоа пак ќе повторам, ја чувствувам Македонија за своја и чест ми е што играм за оваа репрезентација. Прекрасно сум примен од соиграчите, малку време сум овде, верувам дека ќе биде уште подобро како што ќе минува времето“, изјави Горига после мечот.