- Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски денеска и официјално се раздели со кипарскиот клуб Етникос Ахна кој на своите профили на друштвените мрежи му се заблагодари за напорната работа и професионалнизмот на Ангеловски и на неговиот помошник Милан Илиевски.
- Некогашниот предводник на Работнички го водеше Етникос Ахна на 10 натпревари на кои претрпе дури седум порази од кои 6 по ред и само три победи и едно реми.
- Ангеловски е еден од кандидатите за селектор на Македонија по отказот кој го доби Боби Милевски.
- Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ја објави официјалната листа на судии кои ќе може да бидат дел од најпрестижните настани во новата 2026 календарска година.
- Македонија на ФИФА-листата фигурира со вкупно 21 судија во сите категории под капата на ФИФА. Само пет од нив се главни, другите се асистенти и футсал-судии.
- Главни судии на мечевите под капата на ФИФА ќе може да бидат Влатко Илијоски, Стојанче Трпчевски, Игор Стојчевски, Ивана Пројковска и Ирена Велевачкоска.
- Најдобриот ракометар на РК Вардар 1961 и најдобар играч во првата полусезона од машката Суперлига, Украинецот Дмитро Хориха ќе игра уште една сезона во црвено-црниот дрес, пишува 24ракомет.мк.
- Хориха беше голема желба на Берлин и Веспрем, но левиот бек кој одигра фантастична прва полусезона и е најзаслужен за феноменалните партии на Вардар 1961, решил да го продолжи договорот со клубот и да остане најмалку уште една сезона.
- Скопскиот состав сезонава се пласираше во главната фаза од Лига Европа, има шанси да стигне и до ТОП8, а во домашното првенство имаат одлична бодовна залиха пред ривалите Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид. Комити се надеваат дека шампионската титула ќе се врати по пауза од три години.
- Со останување на Хориха Вардар обезбедува силен континуитет на една од најважните бековски позиции и го задржува костурот на тимот.