- По бурни реакции меѓу битолската ракометна публика поради очајните резултати сезонава, управата на Еурофарм Пелистер реши да му врачи отказ на тренерот Александар Јовиќ, а со него од морални причини замина и неговиот соработник Звонко Шундовски.
- Пелистер со овој тренерски тандем минатата сезона ја освои титулата после цели 16 години пауза, но од тогаш па наваму резултатите се во надолна линија. Изгубија од најголемиот ривал Вардар во Суперкупот, во првенството и славеа пирова победа во последниот меѓусебен дуел.
- Нов тренер на Пелистер, макар привремено ќе биде досегашниот спортски директор на клубот, Бранко Ангеловски.
- Хрватска ќе биде единствената репрезентација која нема да е сместена во Хернинг и ќе престојува во Силкеборг од каде што ќе патува 40 км до салата каде што се играат натпреварите.
- По победата над Унгарија, Хрватска морала да патува пет часа со автобус од Малме до Хернинг каде што пристигна на еден ден пред полуфиналето.
- „Патувањето беше напорно, некои играчи буквално спијеа на подот од автобусот од што беа исцрпени, споед многумина организацијата на турнирот е исклучително лоша“, пишува проталот „Гол.хр“.
- Вечерва од 21 часот ќе се одиграат сите 18 натпревари од последното коло на Лига на шампиони. Во вторникот вечерта немаше фудбал, сите натпревари се закажани за вечерва. Дури 32 екипи од вкучно 36 имаат шанса за пласман во следна рунда.
- Арсенал и Баерн Минхен се сигурни патници директно во осминафинале, а за разигрување шанси имаат голем број екипи. Од 6-то до 13-то место има група клубови со по 13 бода и сите ќе бркаат директен пласман во 1/8 финале и ќе се потрудат да избегнат доигрување.
- На крајот тимовите пласирани од 9-то до 24-то место ќе играат во доигрување за пласман во осминафинале. 9-от и 10-от ќе играат против екипите кои се на 23-то и 24-то место, 11-от и 12-от ќе играат против 21 и 22 на табела и така натаму.
- Дербито на вечерта се игра во Париз каде ПСЖ ќе го пречека Њукасл во директен дуел за место кое води право во 1/8 финале.