- По катастрофалните резултати во Лига на шампиони минатата сезона и сезонава, и по вториот пораз од РК Алкалоид сезонава, тренерот на Пелистер Бранислав Ангеловски реши да даде неотповиклива оставка.
- Под водство на некогашниот репрезентативец Пелистер минатата сезона ја одбрани титулата во домашното првенство а неодамна го освои и првиот бод во Лига на шампиони против Спортинг во Битола.
- За негов наследник се споменува името на Бранко Тамше кој го водеше Нексе Нашице. Во Автокоманда, Алкалоид го растури Пелистер 32-25 и изрази кандидатура за шампионската титула. „Фармацевтите“ претходно го совладаа и Вардар 1961, а во тимот имаат само еден странец.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.