- Требаше тоа да биде атрактивен пат во Атина, еден од епицентрите на европската навивачка сцена, но тој пат се претвори во трагедија.
- Екстремните припадници на навивачките групи никогаш нема формално да прифатат забрани кои доаѓаат како последица на административни одлуки на фудбалските бирократи кои не го кријат презирот кон автентичната навивачка поддршка.
- Како да не им било доволно што стигнале во Атина и го одбраниле своето реноме, хулиганите од Бед Блу Бојс заедно со пријателите од навивачките групи на Панатинаикос тргнале во поход. Оние кои тргнале кон Атина и кон квартот/стадионот, посебно со „пријателите“ од Панатинаикос вооружени со оружје, знаеле во каков ризик се впуштаат. Сега ќе мора да се соочат со последиците и тука приказната за нив завршува.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.