- Навивачите на Манчестер Јунајтед веќе неколку години го сонуваат денот кога семејството Глејзер ќе го продаде клубот. Тие одвреме-навреме протестираат против Глејзер зошто се незадоволни од стагнацијата на гигантот во последните неколку години по заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013.
- Сер Џим Ратклиф кој е најбогатиот Британец и воедно навивач на најтрофејниот англиски клуб, финансира тимови во едрење, велосипедизам, атлетика, Формула 1, рагби и фудбалскиот клуб Ница од Франција.
- Ратклиф кој во септември 2020-та се преселил во Монако имал голем интерес да купи мнозински пакет акции во Јунајтед, но се решил за Ница зошто во Премиер лигата се потребни далеку поголеми инвестиции.
- „Тој ќе разгледа можност да го купи Манчестер Јунајтед само ако во куќата на клубот има финансиски ред“, рекол близок пријател на Ратклиф.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.