- После две години молк и прекинување контакт со родната земја, легендарната Јелена Исинбаева стапна во Русија, а причината е смртта на нејзиниот долгогодишен тренер Евгениј Трофимов, под чие водство стигна до врвни успеси во атлетиката.
- По завршувањето на кариерата, Русинката ја нарекуваа „миленичка на Путин“ и беше поврзувана со вооружените сили и Министерството за одбрана, каде стана офицер во руската армија.
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја стави на списокот на луѓе на кои им е забранет влез во земјата и на кои им е конфискуван целиот имот на украинска територија.
- Исинбаева ги негираше тврдењата за нејзините активности во руската армија, по што се соочи со осуда од руската јавност која набрзина ја прогласи за предавник.
- Во мај 2022 Исинбаева се пресели во Шпанија и така за кратко време стана непријател и во Украина и во Русија.
- „Не се ограничувам со ништо“, изјави легендарниот Дидие Дешам минатиот јуни пред да ја заврши последната авантура на Светско првенство со Франција.
- Дешам ги водеше триколорите цели 14 години а на свои 58 години после јуни се реши да одмори од се и да ги наполни батериите. Негов наследник на клупата на Франција стана Зинедеин Зидан.
- Сега Дешам го поврзуваат со многу големи европски клубови како неговиот Јувентус во кого остави голем белег, така и Манчестер Јунајтед, пишува француски footmercato.net кој вели дека клубот од „Олд Трафорд“ бара замена за Мајкл Карик кого сензационалниот пресврт против Рома 3:2 од 0:2 му го продолжи макар на кратко престојот на клупата на Манчестер.
- Управата на Манчестер Јунајтед ги сонувала Јулијан Нагелсман и Унаи Емери но првиот веќе е пред договор да се врати во Ред Бул Лајпциг а вториот е врзан силно со договор за Астон Вила која што не сака да ја напушти.
- Украинскиот бек, Дмитро Горига кој лани доби македонски пасош, дебитираше со три гола на квалификацискиот дуел Македонија - Луксембург.
- „Пресреќен сум, искрено сум воодушевен од начинот на кој сум дочекан. Толку навивачи по мечот, ја чувствувам љубовта и затоа пак ќе повторам, ја чувствувам Македонија за своја и чест ми е што играм за оваа репрезентација. Прекрасно сум примен од соиграчите, малку време сум овде, верувам дека ќе биде уште подобро како што ќе минува времето“, изјави Горига после мечот.