Македонската тениска федерација одржа прес баш додека играше Лина на Вимблдон
30 јуни 2026
- МТФ покажа големо непочитување кон својата најдобра претставничка, Лина Ѓорческа, откако одржа прес-конференција во исто време со нејзиниот деби-настап на Вимблдон против Аманда Анисиова, пишува Спорт1.
- Причина за закажаната средба со новинарите беше одржувањето на ИТФ турнирот „Мацедониан опен“ со награден фонд од 30.000 долари, на која присуствуваа директорот на турнирот Горан Шевченко, нашиот најдобар тенисер во машка конкуренција Калин Ивановски и Дејвис Куп репрезентативецот Амар Хусеиновиќ.
- Терминот на пресот (12:00) не беше променет и покрај тоа што неколку дена претходно беше познато дека во истото време ќе се случува тениска историја за Македонија.
- Цареви.