- Реал Мадрид има големи проблеми со повредени играчи и тренерот Арбелоа никако не може да го комплетира составот. Сега француските медиуми пишуваат дека Килијан Мбапе многу лесно би можел да го пропушти цел март.
- Мбапе не беше на „Сантијаго Бернабеу“ кога Реал Мадрид без него изгуби 0-1 неочекувано од Хетафе во Ла Лига. Беше во Париз каде отишол на дополнителни контроли за повреденото лево колено. Тој дури и бил фрустриран што физиотерапевтите и лекарите во Реал долго време не можеле да му најдат чаре за повредата на левото колено на кое имал истегнуање.
- Одлучено е да не се оперира но му требало одмор и трпение за да закрепне. Килијан веројатно нема да може да и помогне на екипата на Реал Мадрид кој веќе заостанува -4 бода зад Барселона во Ла Лига и го чекаат две тешки средби против Манчестер Сити во осминафинале на Лига на шампиони.
- 27-годишниот Французин со африканско потекло сигурно ќе ги пропушти и пријателските средби на Франција против Бразил и Колумбија на 26-ти и 29-ти март на турнеја по САД.
- Со 23 гола Мбапе е убедливо најдобар стрелец во Ла Лига во моментов а прв стрелец е и во Лига на шампиони со 13 гола.
- Во Реал во моментов се пворедени Родриго, Мбапе, Белингем, Едер Милитао, Дани Себаљос. Поради суспензија следниот меч во Ла Лига нема да го играат Франко Мастантуоно, Дин Хејсен и Алваро Карерас.
- За првпат во историјата, манифестацијата на Златната топка ќе се одржи во Лондон, а претходно традиционално се одржуваше во Франција. Тајноста никогаш не била поголема.
- За првпат ниту победникот не е известен претходно и тој самиот ќе дознае вечерва кога ќе биде отворено пликото со неговото име во Лондон. Претходно, „Франс Фудбал“ го известуваше добитникот на наградата и правеше интервју.
- Номинациите се објавуваат неколку месеци пред самата церемонија. Потоа започнува гласањето, во кое учествува по еден новинар од секоја од 100-те најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА.
- Неверојатниот Италијанец Андреа Кими Антонели кој има 20 години и наскоро би можел да стане најмладиот светски шампион во Формула 1, славеше на трката за Големата награда на САД, во Остин.
- И покрај тоа што оствари доминантна победа, тоа не му беше доволно да ја освои шампионската титула која ќе почека најверојатно седум дена до следната недела во Мексико.
- Антонели ја запиша 9. победа сезонава во потрага по својата прва шампионска титула, а резултатите на неговите главни ривали го спречија уште сега да слави. Тој има огромна предност од 123 поени на 5 трки пред крајот на сезоната.
- На следната трка во Мексико Сити во недела ќе има многу полесна задача затоа што дури и 9. место и евентуални 2 поени би му ја донеле сигурно и математички титулата. Треба да стане најмлад шампион во историјата на Ф1.
- Со него во Остин на победничкиот трон се качија уште и Шарл Леклер од Ферари и четирикратниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул. Во генералниот пласман Кими Антонели е прв со 365 поени, втор е неговиот клупски колега Џорџ Расел од Мерцедес со 242 поени, трет е Луис Хамилтон од Ферари со 241 поен а четврти Макс Ферстапен со 236 поени.