Конте за финансиската моќ на премиерлигашите: „Тие користат базуки, а сите останати пиштоли“
5 октомври 2026
- Италијанскиот стратег кој со голем успех ги водеше Јувентус и Челси каде освојуваше шампионски трофеи, беше уште и тренер на Тотенхем и Наполи. Тој добро ги познава околностите во големите премиерлигашки клубови. Во моментов е без ангажман откако на крајот од минатата сезона во мај/јуни во не баш најдобри односи си замина од Наполи.
- Во интервју за Атлетик зборувал на разни теми, а една е и огромната финансиска предност која островските клубови ја имаат во однос на остатокот од Европа.
- „Во Англија денес користите базуки, додека сите останати и натаму користат пиштоли“, сликовито го објаснува односот Конте на премиерлигашите со сите други лиги и додава: „Но мораме да бидеме внимателни и кога е во прашање начинот на кој тие пари се трошат. Затоа е важно да се носат прави проценки и да се има визија - зошто можете да ги имате сите пари на светот, но мора да знаете како да го потрошите паметно“.