- Комисијата за натпревари која работи во рамките на Фудбалската федерација на Македонија ги извести клубовите од ПМФЛ и јавноста за одлуката поврзана со натпреварите од 17. и 18. коло кои се закажани за оваа седмица.
- По барање на Министерството за внатрешни работи ФФМ донесе одлука сите преостанати натпревари во 2024 година да се одираат пред празни трибини. Освен средбите од одложеното 17. коло кои се закажани за во вторник, дуелите викендот кој следи исто така ќе бидат без публика.
- Комисијата објаснува дека одлуката е донесена поради проценката на МВР по неодамнешните случувања во Македонија со палењето на државното знаме, а со цел да се избегне насилство и недолично однесување за време на натпреварите.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.