- За време на големото дерби меѓу Келн и Борусија Менхенгладбах кое домашните го добиле 3-1 а кое се играло на 22 октомври, навивачите на „јарците“ запалиле пиротехника, ништо невообичаено за германските стадиони.
- Германската фудбалска федерација сега решава да го казни Келн со неверојатни 595.000 евра поради недозволена употреба на пиротехнички средства.
- Паричните казни за овие дела обично се пар илјади евра и ова е највисока изречена казна во историјата на германскиот фудбал. Навивачите во Германија сметаат дека ова е одмазда на федерацијата поради тоа што Келн на последното гласање за инвеститори во германската фудбалска федерација гласал против. На овој собир мнозинството со тесна предност изгласало ЗА влез на странски инвеститори во германската фудбалска федерација.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.