- И покрај тоа што светската јавност бурно реагираше што Мундијал се игра во далечниот и не баш фудбалски Катар каде Светското не им беше достапно на многу љубители на фудбалот, ФИФА пак си тера по свое.
- Пред Мундијалот во Катар 2022 западните медиуми се скршија од пишување текстови за човековите права, хуманитарни организации за заштита на слободите креваа глас, но на крајот Светското помина во најдобар ред.
- Џани Инфантино и покрај целата бука пред Катар, во 2020-та отишол во Италија да „стори абер“ за заедничко Светско организирано од Саудиска Арабија, Италија и Египет како прво Светско на три континенти во 2030-та година.
- На крајот и Австралија се откажа од кандидатура па испадна дека Саудиска Арабија сама ќе го организира Мундијалот во 2034-та и уште еднаш Светско ќе се игра далеку од Европа и Јужна Америка.
- За првпат во историјата, манифестацијата на Златната топка ќе се одржи во Лондон, а претходно традиционално се одржуваше во Франција. Тајноста никогаш не била поголема.
- За првпат ниту победникот не е известен претходно и тој самиот ќе дознае вечерва кога ќе биде отворено пликото со неговото име во Лондон. Претходно, „Франс Фудбал“ го известуваше добитникот на наградата и правеше интервју.
- Номинациите се објавуваат неколку месеци пред самата церемонија. Потоа започнува гласањето, во кое учествува по еден новинар од секоја од 100-те најдобро рангирани репрезентации на ранг-листата на ФИФА.
- Неверојатниот Италијанец Андреа Кими Антонели кој има 20 години и наскоро би можел да стане најмладиот светски шампион во Формула 1, славеше на трката за Големата награда на САД, во Остин.
- И покрај тоа што оствари доминантна победа, тоа не му беше доволно да ја освои шампионската титула која ќе почека најверојатно седум дена до следната недела во Мексико.
- Антонели ја запиша 9. победа сезонава во потрага по својата прва шампионска титула, а резултатите на неговите главни ривали го спречија уште сега да слави. Тој има огромна предност од 123 поени на 5 трки пред крајот на сезоната.
- На следната трка во Мексико Сити во недела ќе има многу полесна задача затоа што дури и 9. место и евентуални 2 поени би му ја донеле сигурно и математички титулата. Треба да стане најмлад шампион во историјата на Ф1.
- Со него во Остин на победничкиот трон се качија уште и Шарл Леклер од Ферари и четирикратниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул. Во генералниот пласман Кими Антонели е прв со 365 поени, втор е неговиот клупски колега Џорџ Расел од Мерцедес со 242 поени, трет е Луис Хамилтон од Ферари со 241 поен а четврти Макс Ферстапен со 236 поени.