Како Чаби Алонсо пробува да ја придобие соблекувалната со ѕвезди?
9 декември 2025
- Реномираниот шпански АБЦ.ес денес пишува дека тренерот на Реал Мадрид Чаби Алонсо кој правеше неверојатни чуда на клупата на Баер Леверкузен, на „Сантијаго Бернабеу“ е станат практично како политичка фигура која мора да држи рамнотежа меѓу големите ѕвезди за да ја задржи соблекувалната.
- Поразот 0-2 од Селта Виго на домашен терен на само неколку дена пред дербито со Манчестер Сити, пак ја здрма клупата на Чаби Алонсо чија смена веќе призиваат некои душегрижници.
- Новинарот Рубен Кањизарес во опширна анализа вели дека Чаби Алонсо се чувствува изолирано од играчите кои ја користат неговата слабост. „Тој неодамна стана политичка фигура и пробува да ја придобие соблекувалната со понуди: пократки видео сесии, недопирливи ѕвезди, повеќе слободни денови за одмор, помалку тактички задачи и слично.