- Високиот Германец Ник Волтемаде е ново засилување за Јувентус. Напаѓачот кој беше право изненадување на неговиот почеток во Премиер лига, доaѓа како позајмен играч со право на откуп во Јуве кој за тоа ќе му плати на Њукасл 4,1 милион евра. Волтемаде доаѓа на местото на Душан Влаховиќ кој замина во турски Бешикташ.
- Од Тотенхем во Јувентус на позајмица доаѓа фудбалерот од среден ред, Сенегалецот Папе Сар (23) кого премиерлигашот во 2021-ва година го плати 17 милиони евра.
- Јувентус летово ги доведе уште и шпицот Џеф Ехатор од Џенова за 16,40 милиони евра, го откупи договорот на виоскиот шпиц Рандал Коло Муани за 38 милиони евра. Французинот се враќа во Јувентус каде играше пред пар сезони како позајмен играч. Бјанконерите го купија и големиот талент на Босанско-херцеговскиот фудбал Керим Алајбеговиќ од Баер Леверкузен за 32 милиони евра, го доведоа стоперот Џон Лукуми од Болоња за 20,10 милиони евра како и голманите Камил Грабара (позајмен од Волфсбург) и Гиљермо Викарио (позајмен од Тотенхем).
- Јувентус ги прати на позајмица напаѓачите Луис Опенда во Лион и Џонатан Дејвид во Атлетико Мадрид, а клубот го напуштија уште и Тимоти Веа (трансфер во Марсеј 14,40 милиони евра), Филип Костиќ (ПСВ), Артур Мело (Сантос), Матија Перин (Палермо), Василије Аџиќ (позајмица, Сасуоло), Ди Грегорио (позајмица, Борнмут), Жоао Марио (позајмица, Фиорентина), Мирети (позајмица, Бешикташ) и Факундо Гонзалес (трансфер 2,5 милиони евра во Расинг Сантандер).
- 33-годишниот Златко Трипиќ кој е роден во Ријека но од '90-те години со неговите се преселил во Норвешка, целата своја кариера ја поминува во Скандинавија, со мали излети во Гројтер Фурт во Германија и Ѓезтепе во Турција.
- Тој е најзаслужен што Викинг влезе во Лига на шампиони затоа што даде гол против Динамо Загреб во плејофот за пласман во елитното друштво и ги исфрли „модрите“ со неколку асистенции во двата натпревари.
- Против Баерн Минхен синоќа намести два гола и го „намести“ Мајкл Олисе да добие црвен картон зошто Французинот испровоциран го удри со топка во лице откако веќе секунда претходно доби прв жолт картон.
- „Трипиќ играше како расипник! Сакаше да победи по секоја цена, наседнавме на неговите провокации и за жал го доби тоа што го сакаше. Дали клубот ќе го казни Олисе? Ќе видиме, ќе разговараме кога ќе се оладат главите“, вели Макс Еберл спортскиот директор на Баерн Минхен.
- А Хари Кејн за Трипиќ рекол „дека е лукав играч кој сака да се влечка по теренот и да троши време“.
- „Така кажал? Супер! И тој е неверојатен во сето тоа и знае колку лукавство е потребно. Успеавме да му влеземе под кожа на Олисе. Кога го исклучија повеќето играчи на Баерн почнаа да ми викаат и да ми пцујат се по список. После сè што се случи не се усудив да влезам во нивната соблекувална да побарам дрес. Сјајно е што таков играч кој еден ден сигурно ќе ја освои Златната топка, се нервира поради дечко од Офтебро и Лингдал“, вели Златко Трипиќ кој се гордее како ги навлекол и провоцирал Баварците.
- Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, го совлада Косово на гости со 3:1 на контролен натпревар.
- Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во 5 минута, а на 3 минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.
- На стартот од вториот дел Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.