Фото: EpaImages
- Италијанскиот тенисер Јаник Синер кој е предводник на новата генерација најдобри светски тенисери, во март 2024-та година паднал на допинг тест. Во организмот му бил пронајден клостебол, строго забранета супстанца според правилникот на Светската анти-допинг агенција.
- Тоа што резултатите од тестот беа објавени дури неколку месеци подоцна а во меѓувреме Синер играше на турнири предизвика голем револт кај сегашни и поранешни тенисери и тенисерки.
- „Да бев јас позитивна на допинг тест ќе добиев 20 години суспензија. Да бидеме искрени. Ќе завршев во затвор и ќе ми ги одземеа сите Гренд Слемови“, вели некогашната светска тенисерка број 1 и една од најтрофејните на сите времиња, Американската Серена Вилијамс (43) која освои 23 пехари од големите турнири.
- Навивачи на Македонија и Шкотска на 3 октомври ќе одиграат пријателски рекреативен натпревар во пресрет на дуелот од Лига на нации меѓу двете репрезентации во Скопје.
- Тартан Арми, традиционално ќе имаат и нова хуманитарна акција, овој пат во Здружението за мултиетничка музичка едукација „Рома рок скул”,
- Се работи за донација од 5.000 фунти како поддршка на бесплатната музичка едукација на деца и млади, бесплатен превоз за учениците, за набавка на музички инструменти и опрема, како и за организирање обуки за музичко творештво и мултиетничка толеранција преку музиката.
- Полуфиналните натпревари на XXII Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“ донесоа многу возбуда, борбеност и квалитетен фудбал, а по двете интересни пресметки познати се екипите што ќе играат за трофејот.
- Во првото полуфинале, Руди Компани обезбеди пласман во големото финале откако славеше со 3:1 против Кеги Моби СК 77777. Во вториот полуфинален дуел, по голема борба и неизвесен меч, Мега Лифтови и Јувентус БС Скеле одиграа 1:1 во регуларниот дел, по што Мега Лифтови беше поуспешна по пенал рулетот и победи со 4:3.
- Со тоа, во големото финале ќе играат Руди Компани и Мега Лифтови, две екипи кои со своите изданија покажаа дека сосема заслужено ќе се борат за победничкиот пехар.
- Дуелот за трето место меѓу Јувентус БС Скеле и Кеги Моби СК 77777 е во четврток од 20:30 часот а големото финале меѓу Руди Компани и Мега Лифтови е закажано за недела (27-ми септември) од 20:00 часот.