- Израелската фудбалска репрезентација во Унгарија ќе ги одигра двата одложени меча од квалификациите за Евро 2024. Поради војната меѓу Израел и Палестина, УЕФА реши да ги одложи натпреварите на Израелцте со Швајцарија и со Романија.
- На 15-ти и на 18-ти ноември Израел ќе игра на стадионот „Панчо Арена“ во малото местенце Фелксут кое има околу 1.600 жители.
- Израел има 11 поени од шест меча, трет е во групата и има солидни шанси да освои едно од првите две места во групата. Израелците претходно ќе играат и со Косово на 12 ноември во Приштина. Никогаш немале пласман на Европско првенство а членка на УЕФА се од 1994-та.
- Генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев, стана првиот Македонец кој успешно ја заврши престижната Harvard & EFC Executive Leadership Programme (ELP), една од водечките програми за развој на лидери во светот на спортот, под покровителство на Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ и ЕФЦ.
- Ненад е првиот Македонец кој во областа на спортскиот менаџмент достигнува вакво ниво на образование и професионално усовршување на Харвард, една од најпрестижните универзитети во светот.
- Ова достигнување е резултат на неговата посветеност, визија и континуирано вложување во развојот на професионализмот и лидерството во спортот.
- Седлоски по натпреварот објасни зошто се одлучил за таков потег. Едноставна и многу фудбалска причина: Растодер и Ќамили играат стандардно во своите клубови, а додека Миовски и Трајковски не.
- Ако ја погледнеме статистиката на секој од нив четворица, бројките говорат многу. Тука се причината за одлуката на Седлоски.
- Веројатно Седлоски верувал дека на важен натпревар како баражот треба да играат најподготвените играчи. На крајот, тој е селектор и тој го има последниот збор, но и тој прв одговара за постигнатите резултати. Негово право е да истрча со играчите што смета дека се најподготвени и можат физички да одговорат на играта која ја негуваат данските фудбалери.