- Откако американскиот милијардер Тод Боели стана прв човек на Челси, овој клуб потроши речиси милијарда евра на нови, а се испостави бесполезни засилувања. Се појави и анегдота дека во Челси не дошол само оној што не прашал.
- И покрај толку потрошени милиони клубот од „Стемфорд Бриџ“ заврши поблизу до зоната за испаѓање отколку во зона за еврокупови.
- Решија тоа да го сменат и назначија нов искусен тренер, Маурисио Почетино кој во 20-годишниот Италијанец Чезаре Казадеи сега би можел да добие нов адут за новата сезона. Казадеи блескаше на штотуку завршеното Светско првенство У-20 каде постигна 7 гола со 2 асистенции, доби Златна копачка за најдобар стрелец и Златна топка за најдобар играч на Мундијалот кој го освои Уругвај У-20 откако ги совлада Италијанците со 1:0.
- Чезаре Казадеи е роден во 2003-та во Равена, има 20 години а почнал да тренира фудбал во Червиа па во Чезена за да преку Интер во 2022 дојде во Челси. Лани беше на позајмица во Рединг каде на 15 меча дал 1 гол.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.