- На 6 октомври славниот југословенски кошаркар наполни 84 години. Важи за една од најголемите легенди на европската и светска кошарка.
- Како мал, во родниот Марибор сакал да игра тенис, ама немал пари за рекет и топчиња. Го гледал фудбалскиот клуб на стадионот „Људски врт“ ама набрзо сфатил дека кошарката му е голема љубов.
- На почетокот на Втората Светска војна наоѓа сигурно и безбедно место во Србија каде се сели со семејството и доживува убаво детство во Шумадија и Белград.
- Од матичниот кошаркарски клуб Браник од Марибор оди во Олимпија Љубљана во 1956-та а веќе следната 1957-ма овој клуб станал прв историски претставник на Југославија во Купот на европски шампиони во кошарка.
- Со култниот професор Александар Николиќ кој бил селектор на трофејната Југославија, Иво Данеу освоил злато и две сребра на Светски првенства, сребро на Олимписки Игри, три сребра и една бронза на Европски првенства.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.
- ФФМ информира дека дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.
- За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.
- Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.