И двата натпревари на РК Охрид со Олимпијакос без гостински навивачи
19 март 2026
- Ракометниот клуб Охрид соопшти дека по разговори со Европската ракометна федерација (ЕХФ), тие и грчкиот клуб РК Олимпијакос заеднички решиле, со цел да биде избегната ситуација слична или иста на онаа од минатата година кога РК Алкалоид и АЕК Атина не го одиграа реваншот од финалето на Европскиот Куп, нивните дуели во четвртфиналето да минат без гостинска публика.
- „ГРК Охрид со Олимпијакос одлучи да не врши продажба на билети за гостински навивачи и симпатизери на двата натпревари“, велат од охридскиот клуб.
- ГРК Охрид ќе биде домаќин на реваншот кој ќе се одигра на 04.04.2026 во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.