Хонда остана без рекламен договор со САД поради поддршка на Иран
18 март 2026
- Јапонската фудбалска легенда, Кеисуке Хонда, без да го именува спонзорот, откри дека реклама од американска компанија е „ставена на чекање“ откако објави на X дека посакува Иран да се натпреварува на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
- „Знам дека е многу чувствителна работа, но лично сакам тие да учествуваат на Светското првенство“, напиша 39-годишникот, еден ден откако иранскиот министер за спорт изјави дека не може да учествуваат на СП, откако САД и Израел започнаа војна против нив и го убија нејзиниот врховен лидер.
- „Очигледно, оваа изјава предизвикала една американска компанија да откаже реклама што требаше да биде финализирана за да се совпадне со Светското првенство“, додаде тој.
- Хонда има 90 настапи за Јапонија и три учества на Мундијалите, а во периодот 2014-2017 настапуваше за Милан.