- Илчо, Марко, Олег, Емил, Ивана, Нино, Стефан и Тео, од македонската школа за бразилско џиу-џицу „House of Grappling Arts“ се вратија со златни медали од БЈЈ турнирот во Белград. Некои од нив и со по две медали.
- Во Белград, „House of Grappling Arts“ заврши како 7-ми клуб на турнирот (од 39) и е најдобар клуб од Македонија. На крај борците на ХГА дома носат 8 злата, 4 сребра и 1 бронза.

- Со нивните поени и медали (21 победа од вкупно 33 под македонско знаме) Македонија на турнирот во Белград заврши на 5-то место пред Украина, Турција, Босна, Словачка и Бугарија.
- По жетвата медали во Белград од ХГА имаат две работи да кажат: 1. Фала им на Nocco и 2. Уписите се во тек.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.