- Македонската фудбалска репрезентација се врати во Скопје, откако претходно имаше проблеми со авионот први првото полетување.
- Нашиот национален тим најпрвин полета од Истанбул, но по само 20 минути авионот мораше да се врати на аеродромот, затоа што пилотот информирал за технички проблеми.
- Фудбалерите слетаа синоќа во Скопје околу 20:00 часот.
- Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас речиси сигурно ќе го напушти Лајпциг до крајот на летниот преоден рок, откако германскиот клуб јасно стави до знаење дека не смета на неговите услуги.
- Според најновите информации од Италија, сериозен интерес за негов ангажман покажуваат Астон Вила, Јувентус и Наполи, при што сите три клуба ја разгледуваат можноста да го доведат на едногодишна позајмица.
- Наполи, каде Елмас ги помина најуспешните години од кариерата и ја освои титулата во Серија А, сака повторно да го врати во своите редови. Сепак, италијанскиот клуб во моментов не е подготвен да ја плати откупната клаузула од 17 милиони евра за траен трансфер и преферира нова позајмица.
- Долгогодишниот хрватски селектор Златко Далиќ е нов предводник на селекцијата на Обединети Арапски Емирати. 59-годишниот стратег летово после Светското првенство решил да земе одмор па по договор со семејството најави дека заминува од селекторското столче на Хрватска после 9 години.
- Далиќ со себе во ОАЕ ќе ги понесе и досегашните соработници од стручниот штаб: Ведран Чорлука, Дражен Ладиќ, Марјан Мрмиќ (тренер на голмани), Лука Милановиќ (кондициски тренер), Марк Рошон (аналитичар) и веројатно Даниел Субашиќ.
- Во меѓувреме старо-нов селектор на Хрватска стана Славен Билиќ.