- Норвешкото чудо Бодо Глимт кој игра на крајниот север на Европа, на вештачка трева поради минусни температури во голем дел од зимата, го совлада Манчестер Сити убедливо 3-1 во Лига на шампиони и забележа историска победа. Инаку 374 навивачи на Сити допатувале во Норвешка да го следат натпреварот во живо, картата ги чинела 25 фунти а сега играчите на Сити решиле да им рефундираат пари на сите навивачи кои имале карта.
- Ќе одвојат околу 9.350 фунти што е околу дневна заработка на секој првотимец на Манчестер Сити.
- Во името на клубот Бернардо Силва, Ерлинг Халанд, Родри и Рубен Дијаш порачале дека поддршката на навивачите многу им значи и дека сакаат со мал гест да им се оддолжат.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.