- По ангажманот на Роберто Фирмино, Ријад Марез и Едуард Менди, Ал Ахли продолжува да пазари во големите клубови и најново го ангажираше Франк Кеси од Барселона.
- 26 годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска направи трансфер кај Арапите за 12,5 милиони евра.
- Кеси го напушта Камп Ноу после една сезона во која имаше 43 настапи и 3 гола, најчесто како замена.
- Една изјава од поранешна француска министерка за спорт, Марие-Жорж Буфе го потресе фудбалскиот свет. Таа открила дека анти-допинг тестовите биле суспендирани за француската репрезентација за време на Светското првенство 1998 на кое станаа шампиони откако го згромија Бразил со 3-0 во финале во Париз.
- И покрај години молк и деманти, сега поранешна министерка призна дека владата „ги скокнала“ допинг контролите и тестовите за репрезентацијата пред и за време на Светското првенство 1998.
- Ова признание било дадено во документарката „Зидан, создавањето на легендата“ и е контрадикторно на сведоштваа која таа ги дала при испитувања во Сенатот во 2013-та каде категорички одбила каква било владина интервенција.
- Поранешната министерка Буфе раскажала сега дека одлуката била донесена за време на интезивни контакти меѓу владата и фудбалската федерација. Откако еден неочекуван допинг тест бил направен во тренинг кампот на репрезентацијата на Франција во Тиње во 1997-ма година кога сите играчи поминале со негативни резултати, селекторот во тоа време Аиме Жаке и фудбалската федерација на Франција рекле дека овие тестови се сосема непотребни и ги реметат подготовките за Светско.
- Физичарот Др. Алан Гарние кој бил праќан од Министерството за спорт да ги предводи тие тестирања, рекол дека токму Буфе лично побарала од него да ги прекине тестирањата. „Не требав веќе да и додевам на репрезентацијата до Светското првенство. Со други зборови - нема веќе изненадни контроли“.
- Од денес и официјално започна пријавувањето за XXII Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ – Сокол ВЛТ 2026, еден од најпрепознатливите и најпосетени спортски настани во Македонија. Пријавувањето ќе трае до 28 август 2026 година, а бројот на екипи е ограничен на 40.
- Турнирот традиционално ќе започне на 1 септември 2026 година на игралиштето „Сокол“ во ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, Карпош 1, додека ждрепката ќе се одржи на 30 август 2026 година.
- И оваа година учесниците ќе се борат за награден фонд од над 1.300.000 денари, што уште еднаш го потврдува статусот на турнирот како еден од најзначајните турнири во мал фудбал во државата.